Економија

Норвешкиот БДП „падна“ во третиот квартал

Норвешкиот БДП се намали во третиот квартал поради одржувањето на морските капацитети за нафта и гас. Активноста во норвешката економија е намалена во периодот од јули до септември за 1,8 отсто во однос на истиот период минатата година, покажа статистиката на Норвешка во извештајот објавен во четвртокот.

Во вториот квартал БДП во Норвешка  порасна за два отсто. Активноста во секторот нафта и гас е намалена во текот на летото за 5,8 отсто поради одржување на постројките. Во вториот квартал порасна за 5,1 отсто, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО