Економија
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА ВО МЕСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА МЕЃУ НАЈСИРОМАШНИТЕ И НАЈБОГАТИТЕ ДОМАЌИНСТВА ВО СРБИЈА?
24.11.2024
Десет отсто од најсиромашните домаќинства во Србија минатата година месечно трошеле во просек 44.517 динари (380 евра), покажува анализата на Републичкиот завод за статистика во рамките на најновата Анкета за потрошувачката на домаќинствата. Околу 258.000 домаќинства во текот на минатата година трошеле месечно повеќе од една минимална плата која изнесувала 41.000 динари.
Домаќинствата со највисока месечна потрошувачка минатата година во просек трошеле 153.337 динари или 1.310 евра месечно.
Разликата е многу поголема доколку се земе предвид просечниот број на потрошувачки единици во најсиромашните и најбогатите домаќинства. Во првата група домаќинства просечниот број на единици (членови) е 2,32 , а во десетиот децил е 1,63.
Просечната месечна потрошувачка во домаќинствата во Србија минатата година изнесувала 88.244 динари. Ова е блиску до просечната нето плата во 2023 година која изнесувала 86.000 динари.
Потрошувачката во овие две групи на домаќинства се разликува и во структурата. Половина од месечниот буџет на најсиромашните семејства се намаенети за храна, а во најбогатите домаќинства тоа е околу 28,4 отсто. Искажано во пари, богатите трошат за храна двапати повеќе од сиромашните домаќинства или 43.378 наспроти 22.298 динари месечно во најсиромашните домаќинства, пренесува „Данас“.
фото freepic