Економија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ИЗБЕГНА ТЕХНИЧКА РЕЦЕСИЈА

Германската економија во третиот квартал годинава оствари раст од 0,1 отсто, за двапати помалку од прелиминарните процени, објави Сојузниот завод за статистика  Дестатис. На овој начин најголемата европска економија избегна да влезе во рецесија, по два последователни квартали со негативен раст на БДП, пренесува „Дојче веле“.

Домашната потрошувачка се зголеми за скромни 0,3 отсто во однос на второто тромесечие, а државната потрошувачка е зголемена за околу 0,4 отсто. Извозот како клучен фактор на германската економија е намален за 2,4 отсто. Германската економија се соочува со пад на индустриските нарачки.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО