Економија

ИНТЕРНЕТ ЈАЗОТ СЕ НАМАЛУВА МЕЃУ ГРАДОВИТЕ И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО ЕУ

Во 2023 година 95 отсто од домаќинствата во Европската Унија имале пристап до интернет, во споредба со 93 отсто во приградските населби и 91 отсто во руралните средини. Во 2013 година учеството на домаќинствата во ЕУ со пристап до интернетот бил за 9,7 процентни поени поголем во градовите отколку во руралните средини.

Со текот на годините овој „технолошки јаз“ се намалувал со стабилно темпо, а во 2023 година разликата изнесуваше 4,4 процентни поени, објави Евростат.

Околу 90 отсто од граѓаните во градовите користеле паметни или мобилни телефони за пристап до интернет, во предградијата со 86 отсто и во руралните подрачја со 82 отсто.

Во градовите се користеле најмногу лаптопи (60 отсто), во предградијата со 52 отсто и во руралните подрачја 49 отсто. Односот е ист и за користењето на таблети, а во градовите го користеле 33 отсто од граѓаните.

Разлики има и во користењето на онлајн услугите односно за примање и испраќање на е-пораки. Луѓето кои живеат во градовите  интернетот го користеле за читање онлајн вести (70 отсто), а во руралните со 59 отсто, додека 69 отсто корисниците во градовите го користеле интернетето за банкарски услуги  и 58 отсто во руралните средини, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО