Економија
Мицотакис: Буџетот за 2025 година дава одговор на високите цени
25.11.2024
Поради зголемувањето на цените во целиот свет и во Грција, во периодот од три години, буџетот за 2025 година дава одговор на поскапувањата. Двојно поддржувајќи ги приходите, од една страна со намалување на товарот за домаќинствата и бизнисите, а од друга страна со зголемување на платите, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис посочи дека буџетот е првиот од трите чекори за исполнување на поставените цели за 2027 година, односно до крајот на четиригодишниот мандат на Владата, потсетувајќи дека целите се „уште помалку даноци, пред сè за средната класа, просечна плата од 1.500 евра и минимална плата од 950 евра“.
- Производите и услугите остануваат значително поскапи отколку за време на пандемијата или дури и пред војната во Украина. Затоа, инсистирам на тоа дека стимулирањето на расположливиот доход, куповната моќ на домаќинствата е пат во една насока. Од таа причина буџетот, иако се однесува на 2025 година, всушност е поставен за 2027 година, така што овие ревалвации да се компензираат и во иднина да се задржат во сила само фиксните годишни зголемувања, истакна грчкиот премиер.
Извор/фото МИА