Економија

ВО СРБИЈА ЗАМРЗНАТА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ

Владата на Србија ја усвои Уредбата за задолжително производство и промет на лебот од брашното Т-500  со која се пропишува максимална малопродажна цена на лебот од 59 динари (околу 30 денари), а максималната производна цена од 50.60 динари.

Оваа цена на лебот ќе биде замрзната наредните шест месеци.

Производителите се обрзуваат да произведат и да пуштат во промет леб од брашното Т-500 во количини најмалку од 30 отсто од дневното производство на сите лебови, пренесе Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО