Економија
ПОВЕЌЕ ОД 50 ЗЕМЈИ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА КЛИМАТА
25.11.2024
Повеќе од 50 држави ја потпишале декларацијата на ОН со која се залагаат туризмот во светот да биде прифатлив за климата, што се смета за големо достигнување на Самитот за клима што се одржа во Баку главниот град на Азербејџан.
Глобалната туристичка индустрија изнесува три отсто од светскиот БДП и предизвикува 8,8 отсто од вкупната глобална емисија на штетни гасови.
Земјите кои ја потпишале декларацијата за подобрување на климатските акции во туризмот се обврзале дека ќе ги препознаат потребите да се занимаваат со туризмот при изработка на климатските планови.
Туризмот придонесува за голем дел од приходите во странска валута, посебно за земјите во развој, а овој сектор може да биде изложен на климатските промени, како што се бурите, топлотните бранови и сушите, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic