Економија

КОЛКУ ИЗНЕСУВА НАЈВИСОКАТА ПЕНЗИЈА ВО ГЕРМАНИЈА?

Мажите од западните покраини на Германија, Северна Рајна Вестфалија и Сарланд, примаат најголеми пензии во земјата, покажува Прегледот за пензии на Германското пензиско осигурување.

Просечната бруто старосна пензија на мажите со најмалку 35 години работен стаж во Северна Рајна-Вестфалија  минатата година изнесуваше 1.923 евра, а жените примаат 1.741 евро.  Во Сарланд највисоката пензија за мажите е околу 1.920 евра (1.708 за жените), а тоа е за сто евра над националниот просек, пишува ДПА.

Високите пензии во овие покраини се должат на претходно повисоко исплатени плати за работниците во рударскиот сектор.

На ниво на цела Германија просечната пензија за мажи изнесувала 1.809 евра бруто, а за жени 1.394 евра, односно во просек 1.623 евра.

Најниски пензии во Германија има во источногерманските покраини Саксонија со просек од 1.529 евра, Мекленбург со 1.527 евра и во Тиринги  со 1.509 евра, пренесува Н1.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО