Економија

ИЕА: ВО 2025 ГОДИНА НАФТА ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ДОКОЛКУ НЕМА ГЕОПОЛИТИЧКА ЕСКАЛАЦИЈА

На глобалниот пазар следната година ќе има доволно нафта и гас, доколку не се случи голема геополитичка ескалација, изјави денеска Фатих Бирол, директорот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

Во својот ноемвриски извештај, ИЕА прогнозира дека понудата на нафта на светскиот пазар во 2025 година ќе ја надмине побарувачката за милион барели дневно (бпд). Суфицит во понудата ќе има и во случај земјите од ОПЕК+ да продолжат со доброволното ограничување на производството на нафта.

Растот на потрошувачката на нафта следната година ќе изнесува 990.000 бпд, а државите кои не се членки на ОПЕК + ќе произведат 1,5 милиони бпд.

Значителен раст на производството се очекува во САД, Канада, Гвајана и Аргентина. Вишокот на нафта на пазарите е резултат на слабата побарувачка од Кина.

Меѓународната агенција за енергија ги зголеми процените за растот на потрошувачката за нафта во 2024 година за 60.000 бпд на 920.000 бпд, пренесува РТВ.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО