Економија

ГЕРМАНИЈА Е ЗАВИСНА ОД 300 ИЛЈАДИ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ГОДИШНО!

Германскиот пазар на труд ќе биде изразито  зависно од работниците од странство во наредните години, а домашната понуда на работници може да се намали за 10 отсто до 2040 години. Последните анализи покажуваат дека на Германија годишно ќе и бидат потребни 288 илјади работници од странство. Без дополнителна работна сила од надвор, бројот на  вработените во земјата ќе се намали од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони.

Експертите за миграција од Бертелсман Фондацијата истакнуваат дека „пензионирањето на бејби-бумерите“ , односно на луѓето родени меѓу 1946 и 1964, е главниот фактор за намалување на работната сила. Затоа, развивањето на домашниот пазар на работна сила нема да биде доволно за да ги задоволат потребите за работници до 2040 година. Вториот модел, предвидува привлекување на 368.000 странски работници секоја година.

Недостигот на работна сила најмногу ќе се одрази на покраината Северна Рајна-Вестфалија, јужните региони како Баварија и во југозападниот регион Сарланд, пренесува „Курир“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО