Економија
ХРВАТСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ 15 КВАРТАЛИ ПО РЕД
27.11.2024
Хрватската економија во третото тромесечие годинава забележа раст од 3.9 отсто на годишно ниво, благодарение на растот на потрошувачката и инвестициите. Државниот завод за статистика објави дека хрватската економија расте 15 квартали по ред, а во третиот квартал има забрзување на растот во однос на вториот квартал кога имаше 3,5 отсто раст.
Потрошувачката на домаќинствата забалежа највисок раст од 5,5 отсто. Бруто инвестициите во фиксен капитал се зголемиле за 9,2 отсто на годишно ниво, што е намалување во однос на 11,7 отсто во претходниот квартал.
Државната потрошувачка е зголемена за 5,3 отсто, увозот се зголемил за 4,1 отсто. Извозот на стоки се зголемил за 6,3 отсто, а на услугите се намалил за 1,8 отсто, објави „Сеебиз“.
фото freepic