Економија

НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ГЛАВНИ НОСИТЕЛИ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ЕУ ЗА РЕТКИ МИНЕРАЛИ

Нордиските земји со своите огромни резерви на ретки минерали стануваат главни столбови на економската независност на Европа. Шведска, Норвешка и Финска  на својата територија имаат богати резерви на минерали кои се барани на светските пазари.

Финска направила најголем скок во развојот на рударскиот сектор, а оваа земја е пред реализација на нови капацитети за експлоатацијата на кобалт, никел, литиум, бакар и фосфат, кои се важни за зелената транзиција и европскиот технолошки напредок. Финскиот рударски сектор, во кој се над 200 компании, универзитети и истражувачки центри, учествува со над десет отсто во извозот на земјата. Финска со години успешно развива балансиран раст на рударството со ниски емисии на штетни гасови по глава на жител.

Норвешка потпиша со Европската Унија договор за соработка во областа на критичните суровини и одржливи синџири за снабдување. Во Норвешка се едни од најголемите светски резерви на фосфати и други минерали.

Шведската државна рударска компанија ЛКАБ откри над милион тони од ретките елементи во северниот дел на Шведска, а тоа  значително може да ја поддржи зелената технолошка индустрија на ЕУ, пренесува Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО