Економија
СЛОВАЧКА ПЛАНИРА ИЗГРАДБА НА НОВА НУКЛЕАРНА ЕЛЕКТРАНА
27.11.2024
Владата на Словачка планира да распише тендер за изградба на нова нуклеарна електрана за да ја задоволи растечката потрошувачка на електрична енергија. Во соопштението на словачкото министерство за економија се наведува дека новата нуклеарна електрана ќе има инсталирана сила од 1,7 илјади мегавати (MW), пренесува „Мина“.
Изградбата на новата нуклеарка може да почне во 2032 година, додека пробната работа е планирана за 2038 година. Се проценува дека изградбата на овој објект ќе чини десет милијарди евра.
Во Словачка веќе има две нуклеарни електрани. Другите европски земји, како Полска, Чешка и Унгарија, планираат изградба на нови нуклеарки за да ги исполнат плановите за преминување од фосилни на еколошки чисти енергенти.
фото freepic