Економија

ВО НОЕМВРИ „ЗАБРЗА“ ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА

Инфлацијата во Германија во ноември забрзано расте како резултат на силниот раст на цените на стоките и благиот пад на цената на енергентите, покажале прелиминарните пресметки на Заводот за статистика.

Во ноември цените биле за 2,2 отсто повеќе од истиот месец минатата година, соопшти денеска Дестатис. Во октомври цените во Германија пораснале за 2,0 отсто.

Месечното споредување покажува пад на цените во ноември за 0,2 отсто, додека во октомври пораснале за 0,4 отсто.

Без цените за храна и енергенти, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 3 отсто, што е зголемување во однос на октомври. Благото забрзување на растот на цените на годишно ниво го одразува посилниот раст на цените на стоките за 0,7 отсто во однос на ноември лани, пренесе „Новости“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО