Економија

ПОРАДИ КРИЗАТА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОМАЛКУ ВРАБОТУВААТ И ПОВЕЌЕ ПРИМЕНУВААТ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

29.11.2024

Германските компании помалку вработуваат нови лица и почесто преминуваат на скратено работно време за да ја надминат кризата, се наведува во ноемврискиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот кој ја искажува подготвеноста на германските компании за вработување се намали на 93,4 отсто. Овој проблем е изразен во преработувачкиот сектор, поради намалените нарачки, а слична е состојбата и во трговијата.

Во ноември 17,8 отсто од фирмите во производството користеле скратено работно време, што е зголемување во однос на 14,3 во август.

По сектори, скратеното работно време  најмногу се користело од фирмите во производство на метал од 41,7 отсто, во производството на мебел 33,7 отсто, како и во компаниите во автомобилската индустрија со 27,2 отсто, во производството на опрема 26,9 отсто и во машинската индустрија со 21,4 отсто, пренесува „Политика“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано