Економија

ЦЕНАТА НА НАФТАТА СЕ НАМАЛИ МИНАТАТА НЕДЕЛА

Цената на нафтата на светските пазари минатата недела се намали за повеќе од три отсто.  Цената на еден барел на лондонскиот пазар се намали за 3,1 отсто и изнесуваше 72,94 долари. На американскиот пазар барелот нафта поевтини за 4,8 отсто и се продаваше за 68 долари.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека понудата за следната година може да ја надмине потрошувачката за милион барели дневно, поради слабата побарувачка од Кина. За следната година се предвидува и зголемување на производствцото  во САД, Канада и други земји.

Од ОПЕК најавија одложување на состанокот на кој требаше да се одлучува за зголемување на производството од почетокот на 2025 година, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО