Економија

СОСТОЈБАТА ВО ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ ВЛОШУВА, НАЈАВИ ЗА ОТПУШТАЊЕ ОД ГОЛЕМИ КОМПАНИИ

Вработените во „Фолксваген“ штрајкуваат оваа недела бидејќи синдикалните лидери и германската автомобилска компанија не успеаа да се договорат како да ги намалат трошоците во услови на слаб пазар на електрични возила и жестока конкуренција.

Претставник на синдикатот ИГ Метал рече дека работниците ќе почнат со предупредувачки штрајкови во понеделник, со кои нивните членови ќе ги остават машините неколку часа на ден. Времетраењето на штрајкот ќе зависи од напредокот на понатамошните преговори, рече тој.

„Фолксваген“ во Германија вработува околу 300.000 работници и управува со 10 фабрики. Индустриската акција која започнува во понеделник влијае на околу 120.000 вработени во фабриките во Волфсбург, Брауншвајг, Хановер, Салцгитер, Емден и Касел, како и некои подружници.

Состојбата во германската економија е лоша, а домашните компании се оптоварени со преголема бирократија, скапата енергија и силна конкуренција од Кина. Поради ова се поголем број на фирми ги отпуштаат вработените.

- Германската економија се наоѓа на работ на рецесија. Во големите компании преовладува песимизмот, поради намалената конкурентност на Германија како деловна локација, смета Улрих Катер, главен економист во Декабанка.  

Повеќе големи компании преземаат потези на штедење  и отпуштање на работници. Прогнозите се дека ќе расте невработеноста, пишува „Дојче веле“. Меѓу големите фирми се соочуваат со последиците од кризата се и фабриките од автомобилската индустрија, кои планираат затворање на производните капацитети.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО