Економија
РАСТЕ БРОЈОТ НА ТУРСКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦРНА ГОРА
02.12.2024
Во Црна Гора се регистрирани околу 10.000 фирми во сопственост на турски државјани, што претставува четвртина од сите фирми во сопственост на странци во земјата. Ова ја одразува динамичната улога на турските претприемачи во обликувањето на нашата економија и нивната посветеност на иновации и раст, рече црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.
Тој додаде дека Црна Гора е подготвена да поддржи понатамошни инвестиции и да го продлабочи економското партнерство со Турција.
Милатовиќ е во официјална посета на земјава на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, а се сретна и со министерот за државен трезор и финансии на Турција, Мехмет Шимшек и претставници на Комитетот за економски односи со странство.
фото freepic