Економија
СРБИЈА ПРОДОЛЖУВА СО ВИСОК РЕАЛЕН РАСТ НА БДП
03.12.2024
Реалниот раст на бруто домашниот производ во Србија во третиот квартал годинава изнесува 3.1 отсто, во споредба со истиот период претходната година, соопшти Републичкиот завод за статистика.
Според дејности, најзначаен реален раст на бруто додадената вредност е забележан во секторот индустрија и снабдување со вода и управување со отпадни води со 3,6 отсто и во секторот информирање и комуникации за 7,8 отсто.
Реален пад на бруто додадената вредност во наведениот период е забележан во секторот земјоделство, шумарство и рибарство за 8,6 отсто.
Реалниот раст на БДП во третиот квартал годинава е забележан кај сите агрегати: вредноста на финалната потрошувачка во домаќинствата е зголемена за 3,9 отсто, за финалната потрошувачка на државата за 2,6 отсто, бруто инвестициите во основни средства за 9,1 отсто, кај извозот на стоки и услуги за 3,2 отсто и кај увозот на стоки и услуги за 14,4 отсто, пренесува „Данас“.
фото freepic