Економија
ЕКОНОМИИТЕ НА ОЕЦД СО СКРОМЕН РАСТ НА БДП ВО 2025 ГОДИНА
04.12.2024
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предвидува дека глобалниот раст на БДП ќе достигне 3,3 отсто во 2025 година, а истиот тренд ќе продолжи и во 2026 година. Економиите на ОЕЦД ќе остварат скромен раст од 1,9 отсто во двете години, покажуваат прогнозите во декемврискиот извештај на организацијата.
Земјите кои не се членки на ОЕЦД се подготвени за постабилна експанзија, а Азија ќе даде најголем придонес за глобалните економски активности.
Регионите ќе имаат различни стапки на раст. Американскиот БДП ќе се зголеми за 2,8 отсто во 2025 година, а во 2026 година ќе оствари раст од 2,4 отсто. Еврозоната има проектиран раст од 1,3 отсто во 2025 година и 1,5 отсто во 2026 година.
Економијата на Јапонија ќе порасне за 1,5 отсто во 2025 година, со предвидување дека ќе има остар пад од 0,6 отсто во 2026 година. Кинеската економија ќе оствари раст од 4,7 отсто и 4,4 отсто во 2026 година.
Инфлацијата во економиите на ОЕЦД ќе се намали од 5,4 отсто годинава на 3,8 отсто во 2025 година и три отсто во 2026 година, поради рестриктивната монетарна политика се наведува во извештајот, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic