Економија
ВО ОКТОМВРИ ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО САД
04.12.2024
Бројот на огласи за работа во Соединетите Американски Држави се зголеми во октомври и растот изнесува пет отсто. Во октомври биле огласени 7,7 милиони работни места, во споредба со 7,4 милиони во септември, соопшти Министерството за труд.
Сепак најновите податоци за бројот на слободни места се помали во однос на 8,7 милиони огласи за работа пред една година.
Минатиот месец бројот на работните места се зголеми во професионалните и деловните услуги, во кои влегуваат работните места за инженери, менаџери и кноговодители, како и во индустријата на ресторани и хотели и информатичките технологии.
Бројот на луѓето кои дале отказ се зголеми во октомври, а отпуштањата се намалија на само 1,6 милиони. Стапката на невработеност во октомври е 4,1 отсто, пренесува „Бизнис.рс“.