Економија

НОЌЕВАЊАТА ВО ХОТЕЛИТЕ ПОСКАПИ ЗА 21 ОТСТО, а угостителските за ...

Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври годинава се зголемени за 0,1 отсто, а споредено со ноември лани за шест отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – ноември годинава споредено со  на истиот период лани угостителските услуги поскапеле за 5,6 отсто, а во однос на декември минатата година за 3,3  отсто, наведува ДЗС.

Ноќевањата во ноември годинава во однос на ноември 2023 година се поскапи за 21,3 отсто.


Извор МИА

фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано