Економија

НЕКОИ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ОПЕК ГО ОДЛОЖИЈА ПЛАНОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОИВЗОДСТВОТО НА НАФТА

Осум земји членки на ОПЕК+ ги одложија плановите за укинување на доброволното намалување на производството на нафта од 2,2 милиони барели дневно до април 2025 година, наспроти слабите изгледи за глобалната потрошувачка, изјавија два неименувани извори за ЦНБЦ.

Ова намалување на производството требаше да започне и постепено да се укинува во декември.

Неколку членки на ОПЕК+ го намалија производството за 1,7 милиони барели дневно. Според својата службена стратегија, пошироката група на земји  го ограничуваат заедничкото производство на 39,725 милиони барели дневно (бпд) за слeдната година, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО