Економија

КАКО ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ДОБИВАЊЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕР?

Во наредните шест години на европската индустрија за користење на ветерот ќе и бидат потребни повеќе од 200.000 нови работници, проценуваат од организацијата WindEurope. Во оваа индустрија сегашниот број на работници од 370.000 ќе се зголеми на 600.000 до 2030 година. Исполнувањето на целта од европскиот Договор за чиста енергија бара и подобрување на вештините и знаењата на работниците во оваа дејност. Според целите на Европската комисија, капацитетите на ветерните електрани од 225 GW треба да се зголемат на 425 GW до 2030 година.

Работната сила се поставува како проблем за поголемата примена на обновливите извори на енергија. Се поставува прашањето како да ги привлечат младите за да остварат кариера во областа за добивање на енергија од ветерот, пренесува Балкан Грин Енерџи Њуз.

ПРЕПОРАЧАНО