Економија
ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВРАБОТУВААТ ТРЕТИНА ОД РАБОТНИЦИТЕ ВО ЕУ
06.12.2024
Големите 53.000 компании во Европската Унија кои вработуваат повеќе од 249 вработени, претставуваа само 0,2 отсто од вкупниот број економски субјекти Унијата во 2023 година, но тие вработија 36 отсто од работната сила (58,4 милиони луѓе) и остварија 51 отсто од прометот (19,6 милијарди евра), објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во Европската Унија минатата година имало околу 33 милиони компании и вработувале 163 милиони луѓе, со обрт од околу 38 милијарди евра.
Средните претпријатија (од 50 до 249 вработени) исто така сочинуваат мало учество, од 0,8 отсто, во вкупниот број претпријатија (246.000 претпријатија) и вработиле 15 отсто од луѓето (24,5 милиони), со 17 отсто од прометот (6 , 5 милијарди евра).
Огромното мнозинство, од околу 99 проценти (32,4 милиони компании) беа од микро и малите компании кои вработуваат до 49 лица.
Ваквите компании вработиле 49 отсто од работната сила во економијата (80,1 милиони) и оствариле 12,2 милијарди евра (32 отсто од вкупниот промет), пренесува „Телеграф“.
фото freepic