Економија
ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЛАДИ, РАБОТА ИМА СЕ ПОМАЛКУ!
06.12.2024
Во Германија има помалку огласени слободни работни места во третиот квартал годинава, кога останаа непополнети 1,28 милиони работни места. Ова е помалку за 12 отсто или за 446.500 работни места во однос на третиот квартал минатата година. Во споредба со вториот квартал годинава слободните работни места биле за четири отсто помалку, објави Институтот за пазарот на труд од Нирнберг (ИАБ) .
Намалувањето на бројот на отворени работни места се случува во четири квартали по ред, но со истовремен раст на бројот на невработените лица. Во просек на 100 отворени работни места имало 220 невработени, односно за 67 повеќе во однос на една година претходно.
За ваквата состојба влијаат два фактора, изјави Александар Кубис.
- Бројот на отворени работни места се намали за 447.000. Второ, бројот на невработените во Германија се зголеми за 180.000, објаснува тој, пренесува Б92.
фото freepic