Економија
ВО СИВАТА ЕКОНОМИЈА ВО СРБИЈА СЕ „ГУБАТ“ 21 ОТСТО ОД БДП
06.12.2024
Сивата економија во Србија во периодот од 2009 до 2023 година изнесувала околу 23,6 отсто од БДП. Од 2009 до 2012 сивата економија се намалувала, за потоа да расте до 2016 година. Во последните седум години сивата економија повторно е во пад, оценува Саша Ранѓеловиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, во својот труд „Сива економија во Србија-емпериски процени и препораки за политика“, кој беше претставен на научниот собир во САНУ.
Најголемото учество на сивата економија во Србија било во 2013 година со 29,1 отсто од БДП, а најмало во 2021 година 17,9 отсто од БДП.
Минатата година сивата економија изнесувала 21,1 отсто од БДП. Даночниот јаз во оваа година е околу осум отсто од БДП или околу шест милијарди евра, пренесува „Данас“.
Професорот Ранѓеловиќ прави поделба на изворите на сивата економија на сива економија на доходот и сива економија во потрошувачката, додека двата главни извора се работата на црно и избегнување на плаќање на ДДВ. Сивата економија на доходот учествува со една третина, а потрошувачката со две третини во вкупната сива економија.
Во 2023 година сивата економија на доходот изнесувала 6,8 отсто од БДП или 4,7 милијарди евра. Минатата година околу 14,4 отсто од вкупниот доход не бил пријавен, наспроти 20 отсто во 2016 година. Повеќе од една третина од доходот од самостојни дејности не се пријавени, а кај заработувачката околу десет отсто.
Кај потрошувачката сивата економија во Србија варирала од 22,5 отсто од БДП во 2013 година до 13,5 отсто во 2021 година. Минатата година оваа неформална економија е проценета на 14,4 отсто од БДП или 10 милијарди евра, пишува „Данас“.
фото freepic