Економија
ГЕРМАНСКАТА МЕТАЛСКА ИНДУСТРИЈА ВЛЕГУВА ВО КРИЗА
07.12.2024
Металската индустрија во Германија во третиот квартал годинава примила помалку нарачки за 9,4 отсто во однос на вториот квартал и за 9,7 отсто помалку споредено со минатата година, соопшти националниот завод за статистика.
Главната причина за падот во металската индустрија се цените на енергентите по 2022 година со руско-украинската војна.
Металскиот сектор во Германија во септември вработуваше 71.200 лица, за 1,7 отсто повеќе од пред 12 месеци.
Поради кризата еднa од најголемите германски компании во оваа дејност, групацијата Тисенкруп планира укинување на повеќе од илјада работни места од надворешни компании, пренесува Б92.
фото freepic