Економија

ЗГОЛЕМЕНА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО НОЕМВРИ ВО САД, има се помалку продавачи

Во ноември беа отворени 227.000 нови работни места во Соединетите Американски Држави, што ги надминува очекувањата на експертите кои прогнозираа 200.000, објави американското биро за статистика на трудот (BLS).

Најбрз раст на вработеноста е забележан во здравството, за 54.000 вработувања, рекреација и угостителство 53.000, државната администрација 33.000 и социјалната помош 19.000, како и во производството на транспортна опрема 32.000 работници.

Спротивно на тоа, бројот на работни места во малопродажниот сектор е намален за 28.000.

Стапката на невработеност се зголеми од 4,1 отсто во октомври на 4,2 отсто во ноември, пренесува Б92.

Во октомври имаше многу слаб раст на вработеноста од само 36.000 луѓе, бидејќи Америка беше погодена од моќните урагани Хелена и Милтон кон крајот на септември и почетокот на октомври, како и големи штрајкови на работниците во компании како што е Боинг, јавува Си-Ен-Ен (CNN).


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО