Економија

ПОТРОШУВАЧКАТА НА ДОМАЌИНСТВАТА ГО ОДРЖУВААТ РАСТОТ ВО ЕВРОЗОНАТА

Кварталната стапка на раст на БДП на еврозоната се зголеми во третиот квартал за 0,4 отсто, благодарение на порастот на потрошувачката на домаќинствата, а за тоа придонесоа залихите и повисоката државна потрошувачка, покажува новиот извештај на Евростат. Ова беше и најсилниот раст забележан во последните две години.

На годишна основа, стапката на раст на БДП на еврозоната во третиот квартал беше 0,9%.  Германскиот БДП порасна за само 0,1% во истиот период. Сепак, земјата  успеа да избегне рецесија, соочувајќи се со низа прашања како што се опаѓање на конкурентноста, забавување на економскиот раст, пад на расположението на потрошувачите и поголема економска и политичка несигурност.

Холандија оствари намален економски раст  на 0,8% во третиот квартал од 2024 година, што е намалување од 1,1% во претходниот квартал. Економијата на Шпанија продолжи да се расте со стапка од 0,8%. Француската економија забележа раст од 0,4%.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО