Економија
ЕЦБ ПРЕД НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
09.12.2024
Европската централна банка (ЕЦБ) во четврток ќе го одржи завршниот состанок за 2024 година и се очекува да донесе одлука за ново намалување на каматните стапки за годинава. Очекувањата на инвеститорите се дека ЕЦБ ќе ја намали својата клучна каматна стапка на депозитите за четвртина процентен поен, односно на три отсто. Новото намалување на каматите ќе придонесе за намалување на трошоците за задолжување на најниско ниво од март 2023 година, оценуваат аналитичарите.
Од Европската централна банка се најавува и ажурирање на податоците за раст на БДП и на инфлацијата, вклучително и на прогнозата за 2027 година. Најавите се дека изгледите за раст ќе бидат намалени, а за инфлацијата се очекува да достигне два отсто порано од тоа што се очекуваше за следната година, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic