Економија

БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ЗАБРЗАНО СЕ НАМАЛУВА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Бројот на слободни работни места во Велика Британија во ноември се намали со најбрзо темпо од почетокот на пандемијата. Ноември е 13 месец по ред во кој има намалување на слободните работни места, а посебно се однесува за постојано вработените, што е сериозен сигнал за натамошно влошување на пазарот на труд во Велика Британија.

- Претпријатијата мораат да ги усогласуваат трошоците за вработените во рамките на нивните буџети, што доведе до забрзано забавување на вработувањето ширум светот, изјави Џон Холт, извршен директор на КПМГ.

Британскиот премиер Кир Стармер за главна цел ја стави подобрувањето на животниот стандар на граѓаните, но зголемувањето на даноците за претпријатијата ги намали инвестициите и вработувањето во повеќе сектори, претежно во индустријата и  услужните дејности, пренесува „Политика“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО