Економија
ТРУДО: АМЕРИКАНЦИТЕ ЈА ГЛЕДААТ РЕАЛНОСТА ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЦАРИНИ ЗА КАНАДСКИТЕ ПРОИЗВОДИ
10.12.2024
Американците почнуваат да будат и да ја согледуваат реалноста. Најавите за воведување царини за канадските производи од страна на САД ќе го направи животот многу поскап, изјави премиерот на Канада Џастин Трудо, во неговиот говор пред претставниците на Стопанската комора во Халифакс.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царини од 25 отсто на сите производи кои влегуваат во САД од Канада и Мексико, доколку овие земји не го спречат приливот на мигранти и дрога, пренесува АП.
- Трамп е избран врз основа на посветеноста да го направи животот на Американците подобар и попристапен. Мислам дека луѓето јужно од границата почнуваат да се будат и да ја гледаат стварноста, а тоа е дека царините за производите од Канада ќе им го направи животот многу поскап, изјави Трудо.
Канада, како и пред осум години, одговори на неправедните царински тарифи, додаде тој.
- Една од најважните работи кои треба да ја направиме е да не паничиме. Владата на канада размислува на правилен начин да одговори на најавеното воведување на царини од страна на САД , изјави Трудо, пренесува РТВ.
фото freepic