Економија
ОПЕК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА ЗА ПОТРОШУВАЧКАТА НА НАФТА
11.12.2024
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот најнов декемвриски извештај ја намали прогнозата за глобалниот раст на побарувачката на нафта во 2024 година. ОПЕК очекува глобалната потрошувачка за нафта годинава да порасне за 1,6 милиони барели дневно . Ова е намалување во однос на ноемвриската процена на растот за 1,81 милион барели дневно.
Ревидираниот раст на светската побарувачка на нафта е последица на намалената потрошувачка во Кина , но и во Америка и Азискиот регион.
ОПЕК ја намали и прогнозата за потрошувачката на нафта во 2025 година и тоа за 90.000 барели на 1,4 милиони барели дневно.
Светските цени на нафтата од почетокот на јули се намалија за 17 отсто.
фото freepic