Економија

СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА ЌЕ МОЖАТ ДА ДОБИВААТ НАДОМЕСТ ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ

Странските работници со работна дозвола кои ќе го прекинат работниот однос ќе можат да се запишат во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување  и ќе имаат право на надомест за невработени. Ова право произлегува во измените на Законот за пазар на труд за кој расправаше хрватскиот парламент.

- Невработените лица за прв пат ќе можат да се запишат во евиденцијата на невработени. Идејата е веднаш да им се понуди работа и веднаш да поминат на ново работно место и нема да мораат со сила на законот да се враќаат во својата држава, изјави Иван Видиш, државен секретар во Министерството за труд, пензиски систем, семмејство и социјална политика.

По истекот на доволата за привремен престој странците повеќе нема да имаат право на надомест. Важно е на овие лица да им се овозможи да влезат во евиденцијата и да им се понуди ново работно место, објаснуваат од Министерството за труд, пренесува Н1.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО