Економија
ВО ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ СЕ УКИНАТ 10.000 РАБОТНИ МЕСТА
12.12.2024
Британските министри планираат да укинат повеќе од 10.000 работни места во државните служби. За оваа политика постои согласност дека државната служба станува преголема и гломазна по нејзиното проширување поради Брегзит и пандемијата со ковидот. Сериозен сигнал за намалување на британската државна администрација е намалувањето на буџетската ставка за поторшувачката во наредната година за пет отсто, пишува „Гардијан“.
Во централната власт на Велика Британија има 513.000 државни службеници со полно работно време. За споредба во 2016 година бројот на државните службеници бил околу 380.000.
Новата лабуристичка влада се откажа од намерите на конзервативците за укинување на 66.000 државни службеници, но се очекува конечниот број на „отпуштени“ административци да биде околу 10.000, пренесува „Политика“.
фото freepic