Економија
ПЕСИМИСТИЧКО И ОПТИМИСТИКО СЦЕНАРИО ЗА ГЕРМАНИЈА ВО 2025?
12.12.2024
Германија во 2025 година во оптимистичкото сценарио ќе оствари раст на БДП од 1,1 отсто, а во песимистичкото сценарио ќе оствари раст од 0,4 отсто, објави Институтот ИФО од Минхен.
- Моментално не е јасно дали сегашната фаза за стагнација е привремена слабост или тоа е трајна, а со тоа и болна промена на економијата, оценува Тимо Волмершаузер, главен аналитичар во ИФО.
Според неговата изјава, куповната моќ на граѓаните се враќа, а инфлаторниот притисок во Германија продолжува да се намалува. Во двете сценарија на ИФО се предвидува раст на инфлацијата од 2,3 отсто во 2025 година и за два отсто во 2026 година.
- Одлучувачки фактор ќе биде дали германската извозно ориентирана економија може да профитира од растот во другите земји, додава Волмершаузер.
За наредните две години, ИФО прогнозира раст од 1,2 отсто во еврозоната, во Кина растот би бил 4 отсто и околу 2,5 отсто во САД, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic