Економија

ИНДИСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАБАВУВА, НО Е НАЈБРЗО РАСТЕЧКА ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ

Растот индиската економија во периодот јули-септември се намали на најниското ниво од 5,4 отсто во последните седум квартали, а тоа е многу пониско од седум отсто, според очекувањата на Централната банка на Индија.  

Растот на БДП во Индија е поголем во однос на другите развиени земји, но индиската економија покажува сигнали на забавување, сметаат експертите. Потрошувачката на домаќинствата слабее, приватните вложувања и државните вложувања, кои се клучни за економскиот раст, се намалени, пренесува ББС.

Министерката за финансии на Индија, Нирмала Сиртхараман, наведува дека ова намалување не е системско, туку резултат на намалената државна потрошувачка.

- Веројатно Индија ќе остане најбрза растечка голема економија, наспроти предизвиците како намалување  платите кои влијаат на домашната потрошувачката, забавување на глобалната побарувачка и климатските промени во земјоделството, вели таа.  

Инфлацијата во Индија се зголеми на 6,2 отсто во октомври надминувајќи ја горната граница на централната банка, од четири отсто. Цените на храната  во октомври се зголемија за 40 отсто, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО