Економија
ПРВАТА РЕГИОНАЛНА БЕРЗА ЗА СТРУЈА ПОЧНА СО РАБОТА
13.12.2024
Првата берза на електрична енергија во овој дел од Европа почна со работа, а во неа учествуваат Србија, Словенија и Унгарија. Трите земји ги здружија своите берзи за да постигнат поефикасна трговија со електричната енергија.
Берзата ќе ја зголеми достапноста на електрична енергија за нашата земја, граѓаните и економијата и ќе создаде услови за добивање на поволни цени, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министерка за рударство и енергетика во Србија.
Регионалната берза за електрична енергија ADEX група објави дека успешно ја реализираше трансакцијата за здружување на словенечката, српската и унгарската берза на струја BSP, HUPX i SEEPEX. Со ова ADEX група се позиционира како водечки центар за тргување со електрична енергија во овој дел од Европа, а ќе овозможи и дополнителна поддршка за ликвидноста на пазарот, како и за интеграција и ефикасност и ценовна трансапарентност, пренесува „Бизнис.рс“.