Економија
ОКТОМВРИСКИ ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЕВРОЗОНАТА
13.12.2024
Според првата прелиминарна проценка, сезонски прилагоденото индустриско производство во еврозоната во октомври се намалило за 1,2 отсто на годишно ниво, додека стагнирало на месечно ниво, објави денеска Евростат.
Во Европската Унија индустриското производство во октомври се зголемило за 0,3 отсто на годишно ниво, додека на месечно ниво се намалило за 0,8 отсто.
Највисок годишен раст на индустриското производство меѓу членките на Европската Унија е забележан во Ирска од 15,2 отсто, Данска за 8,6 отсто и Малта за 6,2 отсто. Најголем пад има во Белгија за 7,9 отсто, Германија за 4,9 отсто и Италија 3,6 отсто. .
Најголем месечен раст на производството е забележан во Ирска 5,7 отсто, Данска 5,4 отсто и Полска 3,5 отсто, а најголем пад во Литванија 7,5 отсто, Белгија 6,2 отсто и Хрватска 3,9 отсто.
Ако ги погледнеме резултатите од четирите најголеми економии на еврозоната, во Германија има месечен пад за 1,1 отсто, како и во Франција за 0,2 отсто. Во Италија состојбата е иста како и претходниот месец, додека во Шпанија е забележан раст на производството за еден процент, пренесува „Политика“.
фото freepic