Економија

НАМАЛЕНИ ПРОГНОЗИТЕ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА ГЕРМАНИЈА

Германската централна банка нагло ја намали економската прогноза за Германија и сега проценува пад за 0,2 отсто, откако во јуни прогнозираше дека годинава германскиот БДП ќе порасне за 0,3 отсто.

Прогнозата на централната банка на Германија за следната година  за раст од 1,1 отсто е намалена на скромни 0,2 отсто, а за 2026 година од 1,4 на 0,8 отсто.

-  Германската економија не се бори само со економски главоболки, туку и со структурни проблеми, изјави гувернерот Јоаким Нагел.

Како што објасни тој, индустријата е особено погодена, што може да се забележи во германскиот извоз и инвестиции,  додека влошените економски услови веќе влијаат на пазарот на трудот.

Според прогнозите на Бундес банката, германскиот извоз полека ќе зајакнува. Според последните процени, личната потрошувачка ќе бележи стабилен раст, но  таа  ќе биде поскромна поради тешките услови на пазарот на трудот.

- Во моментов, централниот фактор на неизвесност за прогнозата е можноста за зголемување на глобалниот протекционизам, предупреди Нагел.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави високи царини за европските стоки, а ЕУ би можела да преземе одмазднички мерки. Трговската војна тешко би ја погодила Германија како земја извозник, објави ДПА.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО