Економија
РАБОТНИЦИТЕ ВО НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ ОД ЕВРОПА ИМААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД САД
14.12.2024
Граѓаните од десетина земји од Европа, меѓу нив се Швајцарија, Исланд, Норвешка, Белгија, Германија, Финска, Ирска и Франција имаат повисоки плати од американските државјани. Според податоците на Евростат, вредноста за еден час работа и платите во Европската Унија се зголемиле за 4,4 отсто во текот на 2022 година. Просечната плата во САД изнесува 54.000 евра, а оваа сума ја надминуваат повеќе земји од Европа.
Според податоците на Евростат, во 2022 работниците во Швајцарија се најплатени со просечна годишна плата од 106.839 евра. Земјата има силен финансиски сектор, а побарувачката за квалификувани финансиски стручњаци е голема. Просечниот работник може да заработи над 100.000 евра.
Просечната плата во Исланд е над 81.000 евра, а ова се должи на постигнатиот договор за редовно усогласување на платите со растот на инфлацијата.
Луксембург е на трето место според висината на годишната плата на граѓаните. Минималната плата во земјата се корегира на секои две години во согласност со високите трошоци на живот. Платите во Луксембург во просек изнесуваат 79.900 евра, а со високите плати предводат вработените во финансискиот сектор.
Норвешка ги има имплементирано законите и политиките кои се однесуваат за родовата рамноправност на работното место. Просечната годишна плата во земјата изнесува 74.506 евра, пренесува НИН.
фото freepic