Економија

ГОДИШЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ЗА 30 ОТСТО

Цените на златото се зголемија за повеќе од 28 отсто оваа година, поттикнати од силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во услови на зголемени геополитички тензии, објави Светскиот совет за злато (WGC).

- Златото се тргува по просечна цена од 22 отсто повисока од минатата година, а во третиот квартал вкупната побарувачка за првпат надмина 100 милијарди долари, соопшти WGC.

Како што проценуваат, цените треба да растат и во следната година, но „поумерено“ од годинава, пренесува „Мина“.

Централните банки продолжија да ги полнат резервите со злато, зголемувајќи го темпото на откуп во октомври, а трендот ќе продолжи и во наредната година.

- Побарувачката во Кина и Индија, најголемите пазари на злато во светот, треба да биде силна и во наредната година, додаваат од  WGC.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО