Економија

БАНКИТЕ ЗА ХРАНА ВО ГЕРМАНИЈА ПРАВАТ ЛИСТА НА ЧЕКАЊЕ, МНОГУ ГРАЃАНИ СЕ ВО СКРИЕНА СИРОМАШТИЈА!

Банките за храна во Германија се принудени да ја ограничуваат помошта за граѓаните поради зголемена побарувачка. Во друго одвоено истражување се покажува дека трошоците за домување се повеќе ги носи Германците во сиромаштија.

Една третина од банките се присилени повремено да ја стопираат поделбата за храна или да прават листа на чекање, а 60 отсто од нив ја намалиле листата за храна, изјави Андреас Степун, член на невладина организација.

Бројот на граѓаните кои бараат помош се зголеми од почетокот на војната во Украина за 50 отсто. Околу 1,6 милиони сиромашни лица во Германија се корисници на услугите на банките за храна. Банките за храна се потешко ги подмируваат барањата на граѓаните, бидејќи пензиите и платите не можат да ги следат зголемените трошоци на живот.

Поради високите станарини повеќе граѓани живеат во скриена сиромаштија, поради тоа што се принудени да трошат третина од семејниот буџет за покривање на високите кирии. По подмирување на трошоците за кирии и банкарските камати и други сметки,  повеќе од 17,5 милиони граѓани  располагаат со доход кој ги става во групата на сиромашни. Границата на сиромаштија се одредува според расположивоста на месечни приходи кои се пониски од 60 отсто медијалната плата во Германија, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО