Економија

ЦРНА ГОРА БАРА ДА СЕ ИЗЗЕМЕ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА ТАКСА ЗА СТРУЈА ОД ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ

Црна Гора да се изземе од примената на механизмот CBAM, кој треба да го применува од 1 јануари 2026 година. Ова барање  го поднел министерот за енергетика Саша Мујовиќ на министерскиот состанок на Советот на Енергетската заедница во Виена. Механизмот СВАМ  подразбира земјите кои не се дел од Европската Унија да плаќаат специјална такса за емитување на јаглероден диоксид, односно на произведената електрична енергија од термоелектраните кои користат јаглен.

- Црна Гора вложува огромни напори  за поврзување на националниот пазар на енергија со европскиот. Со ова темпо можеме да пристапиме кон новиот механизам од четвртиот квартал во 2026 година. Од 1 јануари 2026 година почнува примената на СВАМ механизмот што ќе биде сериозен трошок за Термоелектраната во Пљевље, изјави Мујовиќ.

Тој објасни дека од Црна Гора било поднесено барање да може порано да ги продава гаранциите за потеклото на енергија, односно на сертификатите  кои се издаваат за електрична енергија произведена од обновлива енергија, за да може порано да ја спроведе правилната енергетска транзиција. Црна Гора бара од ЕУ да се примени сличниот план како и за грчкиот остров Наксос, кој доби две милијарди евра помош за да премие на зелена енергија, пренесува „Екапија“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО