Економија

Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем

Собранието со 68 гласови „за“ и 17 „против“, по скратена постапка го донесе Законот за задолжување на Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

- Владата имајќи го позитивното искуство од соработката со Унгарија во однос на поволните финансиски услови при обезбедување на првиот заем за буџетско финансирање и финансирање општи цели, пристапи кон обезбедување на вториот заем во износ од 500 милиони евра. Унгарската Експорт-импорт банка изрази подготвеност за доделување на вториот заем и во преговори со истата усогласен е текстот на договорот за заем кој е даден во прилог на овој педлог-закон, изјави заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Условите за заемот се исти како и за првиот заем, истиот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, со каматна стапка која ефиксна и изнесува 3,25 проценти. На Експорт импорт банка ќе и се плаќа провизија за евентуално неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. 

Овие средства ќе бидат искористени за еврообврзницата која доспева на почетокот на следната година. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО