Економија

РАСТЕ БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ-МИГРАНТИ НА ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР НА ТРУД

Мигрантите имаат се поважна улога на пазарот на трудот со покривање на работните места со висок приход, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) во Женева.

Во Северна, Јужна и Западна Европа учеството на мигрантите се зголеми од 22,5 на 23,3 отсто во периодот меѓу 2013 и 2022 година.Учеството на мигрантите во работната сила посебно е висока во Европа, Северна Америка и во арапските земји.

Оваа појава е предизвикана од стареење на населението во овие региони, а мигрантите ги заземаат работните места на луѓето кои заминуваат во пензија. Посебно расте потребата за работници во социјалните служби односно негата на стари лица.

Под „мигрант“ се смета секое лице кое работи во земја која не е негова татковина. Две третини од овие работници се ангажирани во услужните дејности.

Учеството на мигрантите во вкупната работна сила беше 4,7 отсто во 2022 година. Од ИЛО проценуваат дека вкупниот број на мигранти работници во светот изнесува 284,5 милиони, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО