Економија

АРГЕНТИНА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗОНАТА НА РЕЦЕСИЈА

Аргентинската економија го забележа својот прв квартален раст од влегувањето во техничка рецесија кон крајот на 2023 година, но таа повторно се намали ан годишно ниво. Бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 3,9 отсто во третиот квартал , во споредба со второто тромесечие, се наведува во извештајот на Националниот институт за статистика и попис на населението.

Во споредба со претходната година, БДП на Аргентина се намали за 2,1 отсто, што е шесто по ред намалување на националниот производ. Најголем пад е забележан кај инвестициите во фиксен капитал од минус 16,8 отсто на годишно ниво. Меѓу секторите се најголемо намалување  се: Градежништвото (-14,9 отсто), Риболовот (-6,7 отсто) и Трговијата на големо и намло (-6,1 отсто). Раст има кај Земјоделството, сточарството, ловот и риболовот за 13,2 отсто.

Владата предводена од претседателот Хавиер Милеи  ги намали социјалните трошоци  и презеде масовни отпуштања од јавниот сектор, а најголемата инфлација во Аргентина се намали на 166 отсто, со забавување на економската активност и пораст на сиромаштијата за 50 отсто, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО