Економија

СЛЕДНАТА ГОДИНА ВО ГРЦИЈА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ИЗНЕСУВА 870 ЕВРА

Од април следната година во Грција најниската плата ќе изнесува 870 евра со тенденција на раст до 950 евра во 2027 година, а просечната плата следната година би изнесувала 1.500 евра. Ова се проекциите за буџетот за 2025 година кој беше усвоен денеска од грчкиот парламент.

Во новиот буџет се предвидени повеќе средства за одбраната и за здравството, но фокусот на расходната страна е ставен на зголемување на ниските пензии, како и за доделување на бесплатни лекови за оваа категорија на граѓани во Грција кои бројат околу 310.000 лица. Зголемување на платите следната година добиваат пожарникарите, полицијата и воените лица. Проекциите за инфлацијата се 2,1 отсто на годишно ниво.

Во фискалниот пакет кој се однесува за работењето на банките, во делот на укинувањето на сите надоместоци за основните банкарски трансакции  (плаќања кон државата, јавните фондови, општините, за електрична енергија, вода, телефонски услуги), за што се одредува максимална провизија од 0,5 отсто за парични трансакции до 5.000 евра. Како што објави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за недвижностите со кои располагаат банките  ќе биде дуплиран данокот, за да стават во функција 25.000 станови и со тоа да се ослободи пазарот на недвижности од високите закупнини.  

Проекциите на грчката влада за следната година се намалување на јавниот долг и висок економски раст и отворање на 500.000 нови работни места, со цел враќање на младите во земјата, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО