Економија

ЕВРОЗОНАТА ВО СУФИЦИТ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА

Eврозоната во октомври оствари суфицит  во трговскиот биланс од 6,8 милијарди евра, но најновите  податоци покажауваат дека  неговата вредност е намалена во однос на октомври 2023 година, кога изнесуваше 9,4 милијарди евра. Извозот од еврозоната во остатокот од светот во октомври се зголемил за 2,1 отсто на годишна основа на 254 милијарди евра, додека увозот е зголемен за 3,2 отсто на 239,4 милијарди евра, објави Евростат.

Европската Унија во октомври  годинава регистрираше трговски суфицит од 3,9 милијарди евра, наспроти 8,4 милијарди евра во октомври 2023 година.

Извозот на ЕУ во САД е зголемен за 4,7 отсто на годишно ниво и изнесува 47,9 милијарди евра, во  Велика Британија бележи пораст од 5,4 отсто на 31,6 милијарди евра, додека во Кина е намален за 7,4 отсто на 17,2 милијарди евра. Извозот во  Швајцарија е со раст од 5,4 отсто и достигна 31,6 милијарди евра, а со Турција  9,9 милијарди евра, што е намалување за 1,4 отсто.

Во октомври Кина  е најголемиот увозник од  ЕУ, со 50,3 милијарди евра, што е зголемување од 7,2 отсто во споредба со истиот период минатата година. САД беа втор најголем увозник во ЕУ со 27,6 милијарди евра, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО